Реклама

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Македонија

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во работна посета на Јапонија

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Секторот за аналитика во ЦУК, Стевко Стефаноски, од денеска (понеделник, 19 мај 2025) до петок (23 мај 2025) престојуваат во работна посета на Јапонија.

Утрово во Токио одржаа работна средба со Ито Теројуки (Ito Teruyuki), Генерален директор на секторот за Глобална животна средина во Генералната дирекција на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), а во текот на денот ќе се одржат и средби со други високи претставници од оваа институција.

Во текот на утрешниот ден ќе реализираат работна посета на Јапонската вселенска агенција каде што ќе разговараат за можности за добивање корисни податоци и продукти преку јапонската сателитска мрежа во функција на управување со ризици од катастрофи.

Реклама

Во Токио ќе остварат работни средби и во Агенцијата за менаџмент на пожари и катастрофи, каде што ќе се запознаат со јапонскиот генерален систем за менаџирање на катастрофи, понатаму, јапонскиот систем за временска прогноза и мониторинг на шумските пожари како и Системот за рано предупредување на вулкански активности и шумски пожари и Националниот институт за истражување на земјата и отпорност на катастрофи.

Во Кјото ќе ја посетат градската противпожарна служба.

Во Кобе ќе имаат работна средба во седиштето на Префектурата Хјого со цел да се запознаат со планирањето за заштита од природни непогоди и ќе се оствари теренска посета на планината Роко заради увид во технички градби за превенција од ерозија и свлечишта.

Целта на оваа работна посета е размена на искуства и добивање знаења во пресрет на националните активности за реформи на системот за управување со кризи и заштита и спасување.