Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Директорот Арсовски и обоистката Петрушевска со различни тврдења за нејзината суспензија, ќе одлучува дисциплинска комисија на МОБ

Комисија во Македонската опера и балет (МОБ) на дисциплинска постапка ќе ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисија во Македонската опера и балет (МОБ) на дисциплинска постапка ќе ги утврдува околностите и ќе донесе одлука за обоистката во оркестарот Татијана Петрушевска. Таа на 16 јануари беше привремено суспендирана од работа од директорот на МОБ, Оливер Арсовски, поради нарушување на работниот процес додека тој ден оркестарот имал проба со диригентот Едуард Амбарцумјан. 

Според изјавата на диригентот гостин и од други членови во оркестарот, Петрушевска на пробата се однесувала со ароганција и саркастично, била замолена од диригентот да ја напушти пробата, а кога одбила, тој ја прекинал оркестарската проба за балетот „Мадам Бовари“. 

Петрушевска и Арсовски денеска, во одвоени изјави за медиумите, излегоа со спротивни ставови во врска со суспензијата и причините што довеле до нејзино привремено отстранување од работното место, како и со меѓусебни обвинувања за мобинг. Обоистката кажа дека има поддршка од Синдикатот за култура (СКРМ) и ќе ја застапува адвокат. Тврди дека нејзиното суспендирање е незаконско и тенденциозно.

Реклама

Смета дека одлуката да ѝ се забрани влез во институцијата, во која работи 30 години, и казнувањето со 50 отсто помала плата во наредните шест месеци е самоволие на директорот Арсовски од кого, како што изјави, таа и други вработени една година трпат тортура и мобинг и дека во МОБ има девастирани меѓучовечки односи и нездрава атмосфера. 

– Во образложението пишува дека има изјава од колега, на ист ранг со мене, и од диригентот, дека јас со своето арогантно однесување создавам нездрава атмосфера за работа.  Ако жолчно дебатираме за некоја тема за време на создавање на едно уметничко дело, дали тоа значи ароганција? Дали јас како уметник немам право да гестикулирам и да си го кажам своето мислење во еден одреден момент и да седнам и да продолжам да свирам?  Ете тоа беше образложението. Врз основа на изјава на двајца луѓе јас добивам суспензија за којашто сметам дека апсолутно не е законски издржана. А тоа ќе си го каже и адвокатот. Тоа е  повреда на постапката, директорот сам не може да одлучи за такво нешто.  Овие негови одлуки се надвор од сите ингеренции на директорот  и уште еднаш го докажа неговиот насилнички однос и потребата од покажување надмоќ, изјави Петрушевска.

Директорот на МОБ Арсовски потоа на прес-конференција рече дека токму Петрушевска им врши мобинг на другите членови во оркестарот и дека тоа трае повеќе години. Кажа дека од нејзиното однесување не се жалел само диригентот Амбарцумјан, со кого МОБ соработува 20 години, туку имало и од други диригенти и од нејзини колеги музичари поплаки во писмени изјави за проблеми што ги правела и за попречување на работата. Рече дека ја суспендирал привремено додека завршат пробите за балетската претстава „Мадам Бовари“, која е вечер на сцената на МОБ и на нејзино место ќе свири друг обоист. 

– Нема никаква казна до овој момент, чекаме на дисциплинската комисија што ќе одреди, таа ќе се состане во понеделник. Како ќе одлучат, јас тоа ќе го потпишам, не прејудицирам што ќе одлучат. Тогаш ќе престане и суспензијата и, доколку некој мисли дека е незаконски, потоа ќе биде работа на судот. А јас за некои наводи што таа ги има кажано за мене ќе реагирам преку судот.  Улогата на управата не е да зазема страни, туку да обезбеди ред, дисциплина и зачувување на уметничките стандарди. Како директор на оваа институција нема да дозволам нарушување на работните процеси и непочитување на редот, дисциплината, хиерархијата во оркестарот каде што диригентот е водечки авторитет. Нема да дозволам личната нетрпеливост на поединци да се манифестира со отсуство на респект кон колегите и соработниците од странство, со кои долги години заеднички работиме на квалитетни продукции за нашата публика, рече Арсовски на прес-конференцијата.

Нагласи дека Петрушевска е извонреден музичар, дека со неговата одлука суспензија не ѝ е даден отказ, но дека се решил на ваков чекор зашто таа покажува нетрпеливост, често прави испади и за нејзиното однесување тој досега десетина пати разговарал со неа. 

Ги нарече невистинити и паушални тврдењата на Петрушевска и оти со нив се нанесува штета на угледот на Македонската опера и балет која има над 500 вработени и „мора да функционира со јасна хиерархија, поделба на одговорностите и почитување на работната етика и дисциплина“.  Неточно е, рече, и нејзиното тврдење дека донел одлука да ѝ се намали платата, освен ако законот не го предвидува тоа додека трае суспензијата.  

Директорот на МОБ смета и дека синдикатот СКРМ избрзано реагирал и апелираше „да не потпаѓа под влијанија на поединци кои ја злоупотребуваат неговата улога туку да продолжи да се залага за правата на колективот и достоинството на институциите“. Ја пренесе и реакцијата на оркестарот на МОБ кон Синдикатот за култура поради тоа што без да се консултира со сите свои членови во МОБ објавил текст на Фејсбук заедно со документите за суспензија на Петрушевска пред да почне правната постапка.