Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Димитровски во Луксембург на ГАК: Хибридната кампања од портали на македонски поврзани со источниот сосед

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски учествуваше на Советот на Европската Унија за општи работи (ГАК), кој се одржа во Луксембург. Состанокот беше посветен на иницијативата „Европски штит за демократија“, а беше организиран од кипарското претседателство со Советот на Европската Унија и Европската комисија – соопшти неговиот кабинет. На дискусијата учествуваа министри […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски учествуваше на Советот на Европската Унија за општи работи (ГАК), кој се одржа во Луксембург. Состанокот беше посветен на иницијативата „Европски штит за демократија“, а беше организиран од кипарското претседателство со Советот на Европската Унија и Европската комисија – соопшти неговиот кабинет.

На дискусијата учествуваа министри од земјите кандидатки и потенцијалните кандидатки за членство во Европската Унија, при што беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во рамките на „Европскиот штит за демократија“, како и придобивките од заедничките активности за зајакнување на демократската отпорност.

Во фокусот на разговорите беа прашањата поврзани со заштитата на интегритетот на информацискиот простор, зајакнувањето на демократските институции, слободните и фер избори, независните медиуми, како и зголемувањето на општествената отпорност и граѓанското учество.

Реклама

Во своето обраќање Димитровски ја поздрави иницијативата за воспоставување на „Европскиот штит за демократија“ и Европскиот центар за демократска отпорност оценувајќи дека тие претставуваат важен чекор во зајакнувањето на демократските институции, заштитата на изборните процеси и справувањето со странското влијание и хибридните закани.

Тој истакна дека манипулациите и странските влијанија во информацискиот простор денес претставуваат една од најсериозните закани за демократската безбедност, со потенцијал да создадат поларизација, да ја нарушат довербата во институциите и да ги поткопаат демократските процеси, особено изборите.

Димитровски посочи дека Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ и членка на НАТО е сѐ повеќе изложена на дезинформациски кампањи, киберзакани и координирани операции за влијание поради што државата презема конкретни мерки за јакнење на својата отпорност. Притоа ги истакна сите мерки и напори што ги презема Владата во овој сектор.

– Во изминатиот период се соочуваме со засилени и сериозни дезинформациски и хибридни активности, кои доаѓаат од структури и медиумски платформи поврзани со нашиот источен сосед и имаат цел да ја поткопаат довербата во институциите, да го поткопаат нашиот идентитет и да создадат поделби во општеството – нагласи Димитровски. Во овој контекст посочи дека остануваме цврсто посветени на добрососедските односи, меѓусебното почитување и конструктивниот дијалог, во духот на европските вредности и нашата заедничка европска иднина.

Тој ја потврди подготвеноста на нашата земја активно да придонесува во заедничките европски напори за спречување странско мешање и хибридни закани во согласност со демократските вредности, човековите права, слободата на изразување и владеењето на правото.