Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Економија

Димитров: Свесната одлука на Владата да не дозволи целосна либерализација на снабдување со електричната енергија е сосема во ред!

Македонија нема потреба да ја исполни обврската од реформската агенда со која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија нема потреба да ја исполни обврската од реформската агенда со која се бара државата да престане со набавка на струја за граѓаните, сметаат експертите. Тие ја поддржуваат изјавата на Премиереот Христијан Мицкоски со која тој потврди дека Македонија нема да го исполни овој дел од реформската агенда. Според експертите, иако ЕУ инсистира државата целосно да го либеларизира пазарот, тоа не треба да се дозволи, бидејќи тогаш ќе се изгуби социјалниот статус, народот ќе биде посиромашен бидејќи граѓаните ќе плаќаат многу повисока цена на струјата.

„Одлуката на Премиерот господинот и колега Христијан Мицкоски е сосема во ред, но не само во однос на обврската тоа државата да не учествува во делот на цената на електрична енергија, која потоа се наплатува од граѓаните е сосема правилна и на место. Државата треба да се грижи за стандардот на граѓаните, а не единствено да споредува директиви, регулативи кои што воопшто нас лично како држава не ни одговоара“, во изјава за Алфа вели Константин Димитров.

Според експертите, државата свесно со оваа одлука губи средства во буџетот, но, ако таа не ја обезбеди струјата и не субвенционира дел од истата тогаш цената некогаш е и двојно поскапа од таа што ја набавува ЕСМ, па истата ќе треба да ја плати народот со што директно ќе влијае на осиромашување.

Реклама

Воедно, експертите предлагаат државата не само да дава само субвенции за струја, и да ја продава на граѓаните под пазарна цена, туку да ги мотивира да постават фотоволтаици за сопствени потреби.

„Придовиките се двојни. Ако граѓаните дел од своите потреби ги задоволат од спствените колектори, тој дел од електрична енергија не мора државата да ја субвенционира  и да издвојува од буџетот“, додаде Димитров.

Според експертите, ЕУ не може да бара од земјава да исполнува услови кои за нив се лесно остварливи, бидејќи тие оддамна ги имаат поминато чекорите на иднустријализација и веќе долго време работат на сегментот на енергетска независност, додека Македонија сега го фаќа тој пат и треба време да се подготви за целосна либерлазиација на пазарот.