Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Македонија

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор

Недозволиво е Артан Груби да биде во куќен притвор, оцени вечерва претседателот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недозволиво е Артан Груби да биде во куќен притвор, оцени вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Во гостување на една од националните телевизии, Димитриевски истакна дека ЗНАМ има одлични односи со коалициските партнери, дека со премиерот се уште не разговарал за реконструкција, ниту за ресори, ниту за конкретни имиња, како и дека е апсолутно задоволен од двајцата свои министри, за правда и за јавна администрација кои, како што напомена, се максимално посветени на реформите. 

Димитриевски е дециден дека ЗНАМ нема да прифати учество во влада, во чиј составен дел би била сегашната, како што истакна, нереформирана ДУИ.

Реклама

-Граѓаните мора да се исти пред законот, а Македонија како држава треба да се постави многу сериозно пред сите предизвици и не смееме да гледаме репризи. За преседанот со Груби министерот испрати јасна порака до судско-обвинителската власт зашто видовме дека се случи реприза на многу такви случаи во минатото. Ако имате личност која побегнала од државата, а во меѓувреме известувала дека отишла да се прошета и ви се враѓа по месеци, нездозволиво е да ја ставите во куќен притвор, а од друга страна да гледате луѓе во притвор за многу мали квалификации на кривични дела, порача Димитриевски во врска со барањето на министерот за правда, Филков, МВР и АНБ да дадат јавна информација како процениле дека Груби не е безбеден во притвор.

Според претседателот на ЗНАМ, имало недоразбирање на релација институција за одржување притвор и безбедносните служби и за тоа тие треба да дадат јасен одговор, а министерот постапил согласно своите овластувања.

-Видовме само една реприза – играње тенис пред јавноста, судот се повика на обвинителството, а обвинителството на судот. Груби моментно е во куќен притвор, седи дома и си пие чај. Дали јавноста се согласува со такво нешто или не? Ако ние сме држава што не можеме да обезбеди безбедност на некој граѓанин, тогаш се поставува сериозен знак прашалник дали можеме да гарантираме безбедност на поединец што е на функција. Неприфатлив е ваков одговор. Груби требаше да оди таму каде што е пропишано – во истражниот затвор Шуто Оризари, но не сакам да се впуштам во коментирање судска одлука. Во државата мора да има правда и за Груби и за секој друг поединец. Груби побегна во странство за да си даде луфта од 14 месеци се врати. Првично обвинителот предложил и доставил докази за одлуката куќен притвор, тука се и безбедносните служби. Јас немам увид во документацијата, но постојат институции и личности кои можат да ги добијат доказите, едни од нив се РСС и Советот на јавни обвинители, рече Димитриевски.

Прашањето за евентуални предвремени избори, тој посочи дека треба да му се постави на премиерот.

-Ние сме секогаш подготвени за избори, но ќе си ја премиериме нашата тежина, порача Димитриевски.

Во врска со случувањата на Блискиот Исток, претседателот на ЗНАМ смета дека веќе има и допрва ќе следуваат економски последици.

-Ние треба да се држиме до партнерите во НАТО и нашите стратешки партнери и да ги заштитиме нашите граѓани во регионот на Блискиот Исток со кои јас, како градоначалник, одржувам редовни контакти со нив, истакна Димитриевски.