Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Димитриевски: Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотеља

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во гостување на Алфа ТВ говореше за актуелните политички случувања, односите во владината коалиција, состојбите во правосудството и ситуацијата во опозицијата, се вели во соопштението од ЗНАМ. 

Осврнувајќи се на состојбите во СДСМ, Димитриевски оцени дека опозициската партија се соочува со сериозна политичка и кадровска криза и дека значителен дел од нејзините активности се насочени кон напади врз Движењето ЗНАМ.

Според него, актуелното раководство на СДСМ не нуди нова политичка визија, а партијата се соочува со внатрешни поделби и незадоволство кај дел од членството.

Реклама

„Интересот на Венко Филипче е ограничен само на неговата партиска фотеља. Наместо сериозна опозициска политика, СДСМ денес се занимава со внатрешни пресметки и лични интереси, поради што голем број чесни членови се повлекуваат или ја напуштаат партијата“ – изјави Димитриевски.

Тој посочи дека дел од разочараните членови на СДСМ веќе се приклучуваат кон ЗНАМ, но дека движењето внимателно пристапува кон приемот на нови членови со цел, како што рече, да се изгради стабилен и принципиелен политички субјект.

Димитриевски се осврна и на случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи дека одлуката за домашен притвор претставува сериозен преседан кој дополнително ја поткопува довербата на граѓаните во правосудниот систем.

„Ова е невиден преседан. Лице кое било во бегство и за кое постоела меѓународна потерница не смее да заврши во домашен притвор. На господинот Груби местото му е во истражен затвор, согласно принципите на владеење на правото и законските процедури“ – истакна тој.

Според Димитриевски, ваквите одлуки ја нагласуваат потребата од сериозни реформи во судско-обвинителскиот систем и враќање на довербата на граѓаните во институциите.

Во интервјуто тој се осврна и на можната реконструкција на Владата, посочувајќи дека засега не се разговарало за конкретни кадровски решенија, но дека Движењето ЗНАМ е задоволно од работата на своите министри, кои, како што нагласи, реализираат значајни реформи и системски закони.

Димитриевски порача дека ЗНАМ останува стабилен партнер во рамките на владејачкото мнозинство, со јасна политичка ориентација кон реформи, владеење на правото и заштита на државните интереси.