Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

Џафери ја повика Арсовска да искоси пред Влада, таа му возврати сам да си го среди дворот

Талат Џафери и Данела Арсовска се скараа кој да фати косилка.Техничкиот премиер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талат Џафери и Данела Арсовска се скараа кој да фати косилка.Техничкиот премиер ја повика градоначалничката да ја искоси тревата пред владината зграда, а таа му порача дека обврска му било сам да си го среди дворот. Околината на Владата на Илинденска наликува на џунгла. Амбиентот е запустен срамен и жален – со обрасната трева над еден метар и отпадоци на секој чекор. Според Џафери средувањето на дворот било во надлежност на Град Скопје.

“Дворот на Владата е во надлежност на Град Скопје и ЈП “Паркови и зеленило”. Ние ниту можеме ниту смееме да се мешаме во тие надлежности. Затоа да реагира градоначалничката, за која видовме со колку гласови помина на изборите”, рече Талат Џафери.

Арсовска, возврати дека Џафери манипулира и лаже и дека не си ги знае надлежностите.

Реклама

„Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува. Таа вели дека ЈП “Паркови и зеленило” ги одржува градските булевари и паркови површини кои се надлежност на претпријатието согласно Закон, а ако сака ВД премиерот Талат од Форино да ги ангажира да работат во Влада за истото треба да си склучи Договор, исто како и секоја друга институција во Македонија“, вели Арсовска.

Граѓаните на социјалните мрежи коментираат и прашуваат како Владата која е лицето на државата дозволила зградата и околината да наликува на змијарник.

Според нив, оваа катастрофална и очајна слика пред владината зграда и е по заслуга на оние кои ја предводат државата.

Со доаѓањето на власт на СДСМ и ДУИ владата остана без ограда,но со нивното заминување очигледно запустена и обрасната со трева.

Ања Лукарова