Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Делчево се мобилизира за помош на воен инвалид и неговиот 12-годишен син

Делчево деновиве ја покажува својата хуманост и солидарност, откако граѓаните се мобилизираа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делчево деновиве ја покажува својата хуманост и солидарност, откако граѓаните се мобилизираа за поддршка на семејството Лесовски. Станува збор за Зоран Лесовски, воен инвалид, кој е соочен со претстојна операција, а живее сам со својот 12-годишен син Јован, откако мајката на детето починала пред неколку години.

Со цел да му се помогне на семејството во овој тежок период, делчевчани веќе започнаа со конкретни активности. Организирана е акција за чистење и уредување на нивната куќа во селото Ветрен, како и обезбедување огревно дрво, облека и храна. Паралелно со тоа, се собираат и финансиски средства кои ќе бидат неопходни за време на лекувањето и закрепнувањето на Зоран по операцијата.

 За таа цел, јавно е објавена и трансакциската сметка на име Зоран Лесовски – 300007069835530 (Комерцијална Банка) на која хуманите граѓани можат да уплатат финансиска помош.

Реклама

Иницијаторите на акцијата информираат дека поддршката од граѓаните е континуирана и дека секојдневно се нудат различни форми на помош, особено за основните потреби на малолетниот Јован.

Од локалната заедница посочуваат дека оваа хуманитарна иницијатива е уште еден доказ за заедништвото и човечноста на граѓаните на Делчево, кои и овојпат застанаа зад оние на кои помошта им е најпотребна.

Во целата приказна се вклучи Методи Митев од Хуманитарното здружение „Нашите ангели“ од Кочани.