Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Дефектот на доводната цевка кон две населби од Куманово ќе биде саниран до крајот на денот

Жителите на кумановските населби Черкези и Железничка станица се без вода поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жителите на кумановските населби Черкези и Железничка станица се без вода поради дефект на главната доводна водоводна цевка „Ф-355“, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод“.
Екипите се на терен и го санираат дефектот. По поправка на дефектот во тек на денот водоснабдувањето ќе биде воспоставено.

– Станува збор за поголем дефект и доводна цевка, со поголем профил и должина. Ги замолувам граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи и по санацијата ќе се пушти помала количина на вода, но до вечерните часови сè ќе биде во најдобар ред, изјави директорот на претпријатието, Игор Липковски.

Екипите се на терен од утринските часови. По санацијата водата ќе биде пуштена во помала количина за да не дојде до таканаречен хидрауличен удар и да не се предизвикаат поголеми дефекти.

Реклама

Од „Водовод“ велат дека продолжуваат со напорите за навремена интервенција и подобрување на услугите за корисниците.