Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Дамева се враќа на чело на Судски совет, се надева дека во иднина ќе работи без опструкции од колегите

Без тивок бојкот и опструкции од колегите – членови ќе продолжи работата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без тивок бојкот и опструкции од колегите – членови ќе продолжи работата на Судскиот Совет – со ваква надеж Весна Дамева се врати на претседателската функција во советот. Прво оставка си поднесе досегашниот претседател Сашко Георгиев, за да може Судски да ја спроведе одлуката на Управниот суд кој оцени дека незаконски и без соодветно образложение била симната од претседателската фунција.

  • Јас не очекувам, ниту од еден член на Судскиот совет, и не би сакала да верувам, дали на тивок начин или гласно ќе ја опструираат работата. Бидејќи ова не е парламент, да има тивок бојкот. Ова е Судски совет, има предвидено начини и механизми, начини и активности кои што треба да ги спроведува, и очекува СС понатаму да продолжи да работи. Секоја опструкција и не постапување, не доаѓање на седници има законска пропишана процедура за санкционирање“ рече Дамева.

Георгиев потсети на критиките кои беа испратени на адреса на Судскиот совет, и не жали што раководел со највиското судско тело изминатите 10 месеци.

Првата наредна седница ќе ја закаже и води Дамева. Судскиот совет сега ќе ја проверува и законитоста на сите одлуки кои беа донесени од мај до денес, по незаконското разрешување.  

Членовите, а и вратената претседателка свесни се дека критики има, но не се согласуваат дека легитимитетот на Советот е доведен во прашање. Холандскиот амбасадор откажа проект со Судскиот Совет бидејќи телото го нарече не  легитимно, а американската амбасадорка е загрижена и разочарана од работата на највисокото судско тело. Кренар Лога, министерот за правда бара начин за реизбор на членовите со законски измени, тоа што алармираат невладините со месеци. Последно, кон критиките за Судски се приклучи и претседателот на Владата, Ковачевски.