Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

🎥 Дали повлекувањето на амандманите за ребалансот од страна на СДСМ е политиканство или конструктивност?

Каде беа СДСМ седум години да ја обноват противпожарната служба за сега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Каде беа СДСМ седум години да ја обноват противпожарната служба за сега со ребалансот да го бараат тоа? Ова прашање очигледно нема одговор откако опозицијата ги повлече сите амандмани освен оние со кои се барат повеќе пари за заштитна опрема и за семејствата на настраданите во Кочани.

СДСМ не е пример за конструктивни предлози, но ова е добар потег сметаат аналитичарите. Според Александар Ристевски,  СДСМ и другите партии од опозицијата требало да ја надминат суетата и да имаат консензус сега и во иднина за важни политички и економски прашања. Конкретно за СДСМ вели дека требало исто вака да бидат конструктивни и кога биле во прашање идентитетот и менувањето на името на државата.

Според Ристевски, власта добро го менаџира справувањето со пожарите и рехабилитацијата на повредените од пожарот во дискотеката во Кочани.

Реклама

Инаку вчера додека амандманската расправа беше во полн ек, СДСМ ги повлече преостанатите 142 амандмани за ребалансот на буџетот. Образложението на нивната пратеничка група беше дека во услови на сериозни пожари во државата, нормалната дебата не може да тече и парите треба да бидат пренасочени со помош за најзасегнатите. Најавија два амандамани, едниот на Кочани со одредена сума на пари, и вториот за справување со пожарите, пред се вложување во човечките капацитети. За пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, потегот на СДСМ е бегање од реалноста или бегање заради немање аргументи и факти. Таа рече дека најавата за нови амандмани е само доказ дека СДСМ не успеала да издвои пари за овие потреби  и е потсетување за она што партијата за 7 години на власт не успеала да го реализира.