Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Прилози

Д-р Јован Божиновски е нов директор на Неврологија, комисии ќе испитуваат како работел без лиценца разрешениот Кузмановски

Неврологот Јован Божиновски е новиот директор на Клиниката за неврологија, откако Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неврологот Јован Божиновски е новиот директор на Клиниката за неврологија, откако Министерството за здравство експресно го разреши д-р Игор Кузмановски поради скандалот со објавената снимка на социјалните мрежи на која се гледа како меша бела прашкаста материја и коментира за квалитет на кокаин.

Уште поголем проблем за д-р Кузмановски е и тоа што тој во моментов нема активна лиценца за работа од Лекарската комора. Цели седум месеци, односно од 15.03.2025година тој ја вршел дејноста без продолжена лиценца..од Комората информираат дека тој минатата недела поднел барање за нејзино продолжување и засега, постапката за обновување е во тек. Министерот Алиу најави детална истражна постапка околу работата на Кузмановски.

Формирана е комисија од Министерството за здравство, побарав инспекциски надзор за  работата на докторот. Се испитува во ‘Мој термин ‘дали во периодот од 15 март, кога му истекла лиценцата, до 8 август, кога станал директор, работел со пациенти. Случајот ќе го испитува и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Повеќе од ова не можам да дадам информации“, рече министерот.

Реклама

За да ја обнови лиценцата за работа, а за која е пропуштен рокот, д-р Кузмановски мора да има дополнителна обука и да полага стручна проверка пред комисија. Во меѓувреме, новиот директор на Неврологија вели дека Клиниката продолжува со непречена работа. Д-р Кузмановски беше назначен за директор на 8-ми август годинава, на местото на Фатмир Меџити.