Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

ЦУК објави мапи со горливи точки – централниот дел на земјава и Кумановско под висок ризик од пожари

Повикувајќи се на мапата која го покажува метеоролошкиот индекс на опасност од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повикувајќи се на мапата која го покажува метеоролошкиот индекс на опасност од пожари, од ЦУК велат дека освен во централниот дел и Кумановскиот Регион, останатиот дел од територијата на земјава е под висок ризик од пожари, а низок ризик има на подрачјата околу Шар Планина и други помалку загрозени региони.

Централниот дел на државата и околината на градот Куманово се под многу висок ризик од појава на пожари – информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавувајќи мапи на кои се детектирани горливите точки во земјата кои се соочуваат со потенцијална појава на пожари.

Повикувајќи се на мапата која го покажува метеоролошкиот индекс на опасност од пожари, од ЦУК велат дека освен во централниот дел и Кумановскиот Регион, останатиот дел од територијата на земјава е под висок ризик од пожари, а низок ризик има на подрачјата околу Шар Планина и други помалку загрозени региони.

Реклама

„Метеоролошкиот индекс на опасност од пожари се пресметува врз основа на податоци од автоматските метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи, а вклучува параметри како температура на воздухот, релативна влажност, брзина и правец на ветерот“, наведуваат од ЦУК.

Објавувајќи ја мапата со горливите точки, од ЦУК велат дека тие автоматски се детектирани преку сателитски сензори и укажуваат на потенцијални активни пожари или извори на топлина на територијата на државата.

„Детектирани се вкупно две горливи точки во околината на селото Николиќ, во општина Дојран Дежурниот Оперативен центар на ЦУК потврди појава на пожари на отворен простор на овие локации“.

Третата мапа се однесува на состојбата на сувост на вегетацијата, која, како што наведуваат од ЦУК, се мери преку сателитски податоци од системот на НАСА за информации за пожари за управување со ресурси.

Со црвена боја на мапата се означени местата со висока сувост на вегетацијата – во повисоките планински предели, што укажува на висока ранливост на вегетацијата и потенцијал за појава на пожари.

Жолтата боја ја означува средната сувост на вегетацијата, а ниската сувост е означена со зелена боја – во пониските предели, каде што ризикот од пожари е помал.