Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола

До 12:30 часот вкупно 14 пожари на отворен простор се евидентирани на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 12:30 часот вкупно 14 пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава, од кои четири се активни, шест се под контрола, два се локализирани и два се изгаснати.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во село Николиќ во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, под Солунска Глава во општина Чашка – помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка. Таму се работи за шумски пожар каде што, според ЦУК, нема активен пламен, само чад во карпест дел.

Активни се и пожарите во местото Преовце во општина Куманово и во село Ругинце во Старо Нагоричане, на двете локации е зафатена ниска вегетација.

Реклама

Под контрола се шест пожари, од кои пет се во општина Македонски Брод: с. Рамне – с. Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков); с. Слатина (мешана шума); с. Слатина кај Слатински Извори (нискостеблеста мешана шума); во кругот на фабриката СУМБРО (ниска вегетација) и помеѓу селата Црешнево, Крапа и Локвица (деградирана дабова шума и грмушки). Под контрола е и пожарот помеѓу селата Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар) во Општина Чучер Сандево.

Двата локализирани пожара за кои соопштува ЦУК се во село Бешиште, место викано Бешишки Рид во општина Прилеп (приземен во мешана шума) и во село Делисинци во Свети Николе (ниска вегетација, стара напуштена куќа).

Според известувањето на ЦУК за состојбата до 12.30 часот, изгаснати се пожарите кај црквата „Света Троица“ во Чучер Сандево (ниска вегетација) и во село Белица во Македонски Брод (нискостеблеста шума).