Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Црвениот крст: Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани

На 27.2.2026 година Црвениот крст на Македонија им изврши последна исплата од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 27.2.2026 година Црвениот крст на Македонија им изврши последна исплата од собраните средства за настраданите од пожарот во Кочани на 18 лица поделени во 2 категории, во вкупен износ од 11.200.000,00 денари.

Исплатата на средствата е извршена врз основа на доставен список на повредени лица подготвен врз основа на втората евалуација на здравствената состојба на повредените лица и прогнозата за нивно понатамошно лекување од страна на комисијата на Министерството за здравство.

Вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 164.744.901.00 денари.

Реклама

Црвениот крст, со цел поголема транспаретност и отчетност, подготви извештај за фактичките наоди за состојбата со приливите и одливите на сметката на Фондот на солидарност за периодот од 16.3.2025  до 22.8.2025 година, кои се однесуваат за поддршка на настраданите од пожарот во Кочани на 16.3.2025 година. Извештајот е објавен на веб-страницата на ЦКРСМ на следниот линк:https://api.ckrm.org.mk/wp-content/uploads/2025/10/Revizorski-izveshtaj-CKRSM-09-09-2025.pdf

Во тек е подготовка на финален извештај за собраните и исплатени средства од Фондот на солидарност, кој ќе го опфати преостанатиот период и тој ќе биде споделен со јавноста и сите заинтересирани страни до 15 март оваа година.

Црвениот крст уште еднаш им се заблагодарува на сите донатори што придонесоа за мобилизирање хуманитарна поддршка за настраданите лица и нивните семејства.

Црвениот крст продолжува со своите активности на терен со акцент на обезбедување психолошка поддршка за настраданото население во пожарот во Кочани преку Регионалниот центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка.