Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Црвен крст Кавадарци со делење топли оброци го одбележа утрешниот Ден на волонтерството

Црвен крст Кавадарци со делење топли оброци, попладнево го одбележа утрешниот Ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црвен крст Кавадарци со делење топли оброци, попладнево го одбележа утрешниот Ден на волонтерството. Претседателот на оваа хуманитарна организација за Кавадарци, Димитар Каракулев, говореше за значењето на волонтерството во рамките на Црвен крст и големите придобивки од волонтирањето. Притоа, потсети дека редовно обезбедуваат помош и поддршка на ранливо население, во храна и облека.

– Наши волонтери секогаш, освен во нашите хумани активности, учествуваат и во хуманитарни настани организирани од други субјекти, особено од локалните самоуправи на Кавадарци и Росоман, истакна Каракулев. 

Тој упати повик до сите, доколку имаат можности, да се вклучат во волонтерската работа на Црвен крст, во интерес на заедницата. 

Реклама

Секретарката на Општинската организација на Црвениот крст, Даниела Лазовска рече дека денешниот настан има за цел да ја истакне улогата на волонтерството. Како основна вредност на солидарност, човечност и граѓанска одговорност.

– Обезбедивме готвена храна. Во рамките на денешниот настан, таа храна, им е поделена на лица и семејства во социјален ризик, од страна на претставници на Општина Кавадарци, додаде таа.