Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Чучуљ: Ја поздравуваме секојa иницијатива за борба против корупцијата, ќе постапуваме секаде каде има основ

Новиот претседател на Антикорупциската комисија Адем Чучуљ вели дека како Комисија ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот претседател на Антикорупциската комисија Адем Чучуљ вели дека како Комисија ја поздравуваат секоја иницијатива која се однесува на борбата против корупцијата и дека ќе ги следат сите јавни настапи без разлика дали доаѓаат од опозицијата или власта и ќе постапуваат секаде каде има основ за постапување.

–  Ја поздравуваме секоја иницијатива било да е од политичка партија, здружение на граѓани, медиуми за борба против корупцијата. Ќе ги следиме сите јавни настапи било на медиумите, опозицијата или власта и секаде каде има основ за наше постапување, ќе постапуваме, но секогаш треба да се има предвид дека ДКСК е превентивно тело и нашите капацитети се ограничени во делот на истрагата. Ние во нашиот дел секогаш постапуваме, истакна Чучуљ во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“ во врска со најавите на опозициската СДСМ дека од утре ќе објавува снимки за коруптивното работење на власта.  

Во однос на тоа дали има потреба да се ревидираат предметите на претходната претседателка на ДКСК, Чучуљ е на став дека нема потреба од такво нешто затоа што сите одлуки на Комисијата се носеле на јавни седници и со мнозинство гласови, а во однос на распределбата на предметите, Чучуљ појаснува дека распределбата е електронска и претседателот на Комисијата нема никакво влијание. Вели дека овој систем на распределба ќе го продолжи и тој како претседател. 

Реклама

– Сите одлуки на Комисијата се донесуваат на јавни седници согласно законот и истите се објавуваат на веб страницата. Сите одлуки се донесени и со мнозинство во мандатот на претходната претседателка така што во тој дел немам дилеми дека има простор за злоупотреба. Во однос на распределбата на предметите уште постеснено е влијанието на било кој во Комисијата од причина што согласно Деловникот за работа предметите се распределуваат електронски врз основа на приципот на ротација. Токму претходната претседателка го смени начинот на расперелба на предметите во позитивна насока, не по азбучен ред како што беше, туку по случаен избор што значи системот ги распределува предметите, не постои ниакво влијание на претседателот во тој однос, подвлече Чучуљ. 

За неговиот избор за претседател на Комисијата и едногласната поддршка од сите пратеници, Чучуљ вели дека е изненаден и благодарен за поддршката, но дека тоа го чувствува и како морална и професионална одговорност да ја оправда довербата со работа. 

Најавува поголема транспаренtост кон медиумите иако вели дека и досега Комисијата била транспарента затоа што сите нејзини седници биле јавни и имало дел за прашања и предлози. Новина, како што најавува, ќе биде тоа што после една или две седници, Комисијата ќе свикува брифизи со новинарите, а во подготовка е и нова стратегија за основи со јавноста.