Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед.
– Дозволете ми во мое лично име и во име на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот мусли-мански празник – Курбан Бајрам. Овој голем муслимански празник нѐ потсетува на возвишената смисла на жртвата, верата и човечката добрина. Симболиката на Курбанот не се согледува само во прине-сувањето, туку пред сѐ во искреноста на срцето, милосрдието и подготвеноста човекот да биде потпора на другиот, како што се вели во Светиот Куран:
„До Аллах не стигнува ниту нивното месо ниту нивната крв, туку до Него стиг-нува вашата богобојазливост.“(Сура Ел-Хаџ, 22:37)

Празничната порака нека ја зачува суштината, вистинската вредност отсликана преку чистата намера, љубовта кон ближниот и делата исполнети со човечност и соли-дарност. Празничните денови нека внесат спокој во домовите, радост во семејствата и духовна сила кај сите верници од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебното почитување и разбирање, како и традицијата на соживот што со векови се негува во нашата татковина, остануваме посветени на заедничката ми-сија- градење општество исполнето со мир, достоинство и взаемна почит.
Ви посакувам Вам, на Ријасетот и на сите верници: добро здравје, благосостојба и бајрамски благослови.
Бајрам шериф мубарек олсун!, се наведува во честитката на на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска по повод Курбан Бајрам.
