Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Буџетот помина на Влада, сега патува кон Собранието

Повисоки пензии за 2500 денари месечно, поголеми суми за плати во здравството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повисоки пензии за 2500 денари месечно, поголеми суми за плати во здравството и образованието, како и повеќе пари за редовно усогласување на платите во администрацијата. Владата на седница го усвои Предлог-буџетот за 2025 година кој носи стабилизација на јавните финансии и економски раст. Расходите ќе бидат за 10% поголеми од годинава или 6,5 милијарди евра. Приходите пак ќе бидат зголемени за 13% и ќе достигнат 5,82 милијарди евра. Дефицитот се стабилизира на ниво од 4% од БДП или на 682 милиони евра. Владата особено сака да вложува во развој, па затоа капиталните инвестиции се на рекордно високо ниво од 823 милиони евра. 250 милиони евра од овие пари ќе завршат кај општините за инфраструктурни проекти.

Предлог-буџетот поддржува политики за подобрување на животниот стандард. Така за исплата на пензиите и предвиденото зголемување од 2.500 денари  се предвидени 1,7 милијарди евра или за 244 милиони повеќе од годинава. За покривање на дупката во пензискиот фонд ќе се одвојат речиси 400 милиони евра од централниот буџет. 

За исплата на плати се обезбедени 780 милиони евра и дополнителни 32,5 милиони евра во блок дотации за зголемувањето на платите во образованието. Министерката за финансии напомена дека во буџетот има бафер за евентуално зголемување на минималната плата, но остави да завршат преговорите со синдикатите и работодавачите, за да соопшти повеќе детали.

Реклама

За поддршка на ранливите категории се предвидени 235 милиони евра или 8 милиони евра повеќе пари. За здравствена заштита се обезбедуваат 84,5 милиони евра повеќе или вкупно 868 милиони евра.

Димитриеска Кочоска напомена дека следната година и ќе се штеди. Непопуларната ставка стоки и услуги која секоја Влада драстично ја зголемуваше, следната година ќе остане на исто ниво. Кратење на трошоците ќе има за набавка на мебел и возила.

Економскиот раст е проектиран на ниво од 3,7%, буџетскиот дефицит на 4% од БДП и инфлацијата на 2,2%. Дефицитот ќе се покрива со задолжување дома и во странство. Еврообврзницата која доспева за враќање во јануари во износ од 500 милиони евра, најверојатно ќе се покрива со заем од Унгарија. Јавниот долг, согласно стратегијата треба да се сведе на ниво од 64% од БДП, а умереното ниво од 60% до 2029 година.