Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Божиновска – Варнес: САД со силна поддршка за реформите и развојот на енергетскиот сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари работна средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјата, Никол Варнес.

На средбата беше нагласена исклучителната важност на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД како клучен двигател за зајакнување на институционалната соработка, економскиот развој и долгорочната стабилност на државата, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

Дополнуваат дека в.д амбасадорката Варнес ги поздравила заложбите на министерката Божиновска за системска консолидација на енергетскиот сектор и негово усогласување со европските стандарди. Во тој контекст, било разговарано за повеќе стратешки проекти во енергетиката, насочени кон обезбедување сигурна, одржлива и конкурентна енергетска иднина за државата.

Реклама

Министерката Божиновска изразила благодарност за континуираната и силна поддршка што Македонија ја добива од САД во клучните области, вклучително спроведувањето на реформите во енергетиката и поддршка за зелената транзиција на земјата.

– Стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува цврста основа за градење стабилна економија, модерен енергетски систем и силни институции. Нашата определба е јасна – реформи, транспарентност и одржлив развој во интерес на граѓаните – истакнала министерката Божиновска.

Двете соговорнички ја потврдиле заедничката посветеност за натамошно проширување на економската соработка, интензивирање на инвестициските активности и промоција на демократските вредности, како и заедничките напори во обезбедувањето регионален мир, стабилност и безбедност.

– Средбата претставува уште една потврда за силното и стабилно партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, насочено кон долгорочен напредок и просперитет на државата – посочуваат од МЕРМС.