Реклама

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Македонија

Борко Ристовски решава децениски проблем на студентите: Ветувањата имаат тежина само ако ги остварувате!

Министерството за спорт ја отпочнува најавената реконструкција на спортската сала во кампусот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за спорт ја отпочнува најавената реконструкција на спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје што ја спроведува во соработка со ректоратот на УКИМ, во рамките на програмата за изградба и санација на спортската инфраструктура. Инвестицијата за реализација на овој инфраструктурен проект изнесува 54 милиони денари.

Спортската сала која првенствено е наменета за студентите на Универзитетот, со години беше вон употреба поради запуштеност на објектот.

„Ова не смее да биде лицето на спортот во Македонија!“ – порача министерот за спорт, Борко Ристовски, по увидот на состојбата во која е затекнат овој спортски објект.

Реклама

 

ВЕТУВАЊАТА ИМААТ ТЕЖИНА САМО АКО ГИ ОСТВАРУВАТ

Од страна на УКИМ изработен е и доставен целосен проект за реконструкција на спортската сала и поднесено е барање за добивање на одобрение за реконструкција до Министерството за транспорт и врски, по што Министерството за спорт на почетокот на месец октомври годинава ја отпочна тендерската постапка за избор на изведувач

„Ветувањата имаат тежина само ако ги остварувате! Ветувањето дадено по моето назначување за министер за спорт, за комплетна реконструкција и санација на спортската сала на УКИМ, добива конкретна реализација. Министерството за спорт го објави јавниот повик за избор на изведувач и можам да најавам дека студентите наскоро ќе имаат комплетно нова сала“, објави министерот Ристовски.

Рокот за реконструкција на спортската сала на УКИМ, согласно тендерската документација, е предвиден за 15 месеци од денот на вовед во работата на изведувачот на градежните работи. Вредноста на комплетната реконструкција на салата што ја спроведува Министерството за спорт изнесува 54 милиони денари.