Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Болниците во Македонија со напредок: Пад на хоспитализации за кардиоваскуларни болести

Болничкиот систем во Македонија полека почна да се стабилизира – повеќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Болничкиот систем во Македонија полека почна да се стабилизира – повеќе се работи на превенција, зголемување на болнички услуги, што пак носи помала потреба од тешки опреации. Како на пример, бројките покажуваат дека се помалку луѓе завршуваат во болница со срецеви проблеми. Фондот за здравство објави извшетај кој покажува дека во последниве две години, низ болничките соби поминале 194 илјади пацинети, истовремено буџетот за јавните здрасвтвени установи пораснал за 24 проценти и достигнаал 527,24 милиони евра.

Во 2025 година паднати се хоспитализациите за кардиоваскуларни болести за 3 проценти. Треба да видиме дали е тоа тренд на намалување на овие болести што би не израдувало. Имаме пад на хоспитализациите поврзани со бременост и породување од 7,5 проценти што повторно е одраз на демографските промени што се случуваат. Растот на интервенции кај мускулно-скелетни и очни болести делумно е поради одлагањата на тие интервенции за време на ковид пандемијата кога се работеа само итни случаи”, изјави директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.

Од Фондот велат дека регионалните болници постепено го подообруваат квалитетот и третираат се посложени случаи, а Битола е со најголем исчекор. Штипската болница пак покажува најголема сложеност во работата и изведува се покомплицирани интервенции.

Реклама

Има напредок во 9 од 12 општи болници што е за поздравување. Од клиничките болници најголема сложеност покажува Клиничката болница Штип, а имаме најголем напредок во Клиничката болница Битола. ГОБ „8 Септември“ иако е формално општа болница, работи на ниво на клинички центар и работи сложени интервенции, изјави Клековски.

Според првиот човек на Фондот, здравствениот систем не се користи правилно, односно има доволно кадар, но тој не е правилно распореден и тоа создава проблеми. Некаде има кадар, но нема ресурси, а некаде има и кадар и ресурси, но нема пациенти. Решението надлежните го гледаат во подобра распределба и поголема улога на општите болници, кои треба да преземат посложени интервенции за да се релаксира системот на повисоките нивоа.