Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Бобан Николовски оствари средба со Никол Варнс

Царинската управа има значајна улога во спроведување на реформската агенда до полноправно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа има значајна улога во спроведување на реформската агенда до полноправно членство во ЕУ, при што за кратко време веќе се видливи резултатите кои се извонредни. Ова е заедничкиот заклучок од денешната средба на заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Никол Варнс и директорот на Царинска управа, Бобан Николовски заедно со тимовите.

Извонредните резултати што ги постигнавте за кратко време се значително сведоштво за исклучителната работа на Царинската управа. Вие имате значајна улога во одржување на безбедноста и подобрување на економската состојба како значаен аспект во привлекување странски директни инвестиции.

Следните 18 месеци ќе бидат клучни во спроведување на реформската агенда до полноправното членство во ЕУ, каде Царинската управа има значајна улога, но и ќе биде под голем притисок за испорачување на резултати во делот на економијата, безбедноста, но истовремено и во борбата со корупцијата. Веќе се гледа вашиот метод на тимски резултати и зголемена соработка на национално и меѓународно ниво при што целосно ја имате нашата поддршка во исполнување на стратешките цели“, рече заменик-шефот на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, Никол Варнс.

Реклама

Директорот Бобан Николовски изрази благодарност до Соединетите Американски Држави за континуираната поддршка изразувајќи задоволство од укажаната чест за втора официјална посета на амбасадата на САД за кратко време, како потврда за одличната соработка.

На средбата двете страни говореа за трговската размена, како и за резултатите на Царинската управа во делот на сузбивање на криминалот и корупцијата, прибирање на приходи во Буџетот и инвестициите и мерките што ги реализира управата со цел забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

На оперативно ниво ги зајакнавме контролите што ни овозможи вистинска и реална наплата на приходи, како и значителен напредок во делот на сузбивање на организираниот криминал. Од почетокот на годинава заклучно април Царинската управа наплати приходи во износ од 41,2 милијарди денари што е за 4,1 процент или 1,6 милијарди денари повеќе од истиот период минатата година. Во овој период остварени се 173 случаи на заплени или за 84 проценти повеќе од истиот период минатата година кога биле остварени 94 случаи на заплени.  Откривме сериозни криминални мрежи, при што до Основното јавно обвинителство и до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги заклучно со април поднесе 72 кривични пријави против 39 правни и 138 физички лица“, истакна директорот Николовски и потенцира дека Царинската управа веќе е препознаена како институција која испорачува тимски резултати и дека на овој начин ќе се работи и во иднина, сè со цел испорака на уште подобри резултати.