Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Беким Незири од ДУИ и останатите напаѓачи во М-НАВ, условно осудени

Седумте луѓе кои упаднаа во „Македонски навигации“ и нападнаа членови на синдикатот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седумте луѓе кои упаднаа во „Македонски навигации“ и нападнаа членови на синдикатот на Контролата на летање со што ја загрозија безбедноста на авиосообраќајот на македонското небо, добија само условни казни.Напаѓачите си се спогодија со обвинителството за “меки” казни.

Шестмина добија казна затвор од шест месеци,со услов ако во рок од една година не направат ново кривично дело.За еден обвинет, има условна осуда – казна затвор во траење од две години, што нема да се изврши доколку во рок од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

А за осмиот осомничен опфатен со првичната истрага постапката е запрена.

Реклама

Од доказниот материјал на Обвинителството, Кривичниот суд констатирал дека тие не посочуваат дека во времето на извршување на дејствијата на обвинетите имало опасност и била загрозена безбедноста на воздушниот сообраќај.

  • Во текот на истражната постапка беа обезбедени вербални искази од вработени лица во М-НАВ како сведоци на настанот и од оштетеното службено лице, како и извештаи за безбедноста на авиосообраќајот во критичниот момент од Агенцијата за цивилно воздухопловство и од меѓународната агенција Еуроконтрол. Овие докази не посочуваат дека во времето на извршување на дејствијата на обвинетите имало опасност и била загрозена безбедноста на воздушниот сообраќај и од тие причини повеќе не опстојува кривичното дело, велат од ОЈО.

Прв помеѓу сега осудените е Беким Незири кој во кампањата беше главен промотор Бујар Османи како претседателски кандидат на ДУИ и промоција на матичната партија. И по инцидентот тој остана на претседател на чаирскиот огранок. Инцидентот во М-НАВ се случи на 4 јануари годинава, кога осум лица упаднаа во канцелариите на Македонска навигација на аеродромот во Скопје и нападнаа контролор на летање, откако од Синдикатот се кренаа на нозе поради несоодветна селекција на кандидати на оглас за нови вработувања и обвиненија за партизација.

Ања Лукарова