Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Азески панелист на Копаоник бизнис форум на тема „Заедно напред: Регионална интеграција на Западен Балкан“

Копаоник бизнис форум што се одржува од 1 до 4 март оваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Копаоник бизнис форум што се одржува од 1 до 4 март оваа година, фокусот на дискусиите го става на теми што го обликуваат современиот глобален и регионален контекст, од индустриска политика и конкурентност, преку инвестиции и пазарот на трудот, до дигитална трансформација и одржлив развој, во присуство на лидери од бизнисот, академската и политичката област од регионот и меѓународни експерти од различни области. Централната тема на Форумот е „Индустриската политика во функција на долгорочниот економски раст на Србија“, се наведува во соопштението од Стопанската комора на Северна Македонија.

Претседателот на Стопанската Комора Бранко Азески, денеска (2 март 2026 година), е панелист на тема: ЗАЕДНО НАПРЕД: РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, со претседателот на Стопанска комора на Србија Марко Чадеж, проф. Дејан Микеревиќ, Економски факултет, Универзитет во Бања Лука, Горан Пекез, директор за корпоративни работи и комуникации за Западен Балкан, Давид Пиегазки, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и Небојша Шапониќ, коосновач, НЕЛТ Груп. Со својата сериозна експертиза и активно учество, Азески ќе понуди и поттикне значаен дијалог за актуелни теми коишто ја обликуваат економската слика во регионот, во услови на големи неизвесности на глобален план.

Во рамки на активностите на Копаоник, претседателот Азески ќе учествува и на настанот во организација на компанијата „Експо 2027“, под наслов „Експо 2027 под лупа: најголема шанса или најскапа илузија на Србија“. Идејата е преку отворен разговор да се дискутира со бизнис претставниците, но и со компанијата „EXPO 2027“ и компании кои имаат искуство со учество на светски изложби, за можностите, предизвиците и, пред сè, реалните економски ефекти од „Експо 2027“, како основ за согледување – дали и на кој начин Србија преку оваа глобална платформа, но и стопанството во државата, може да бидат активни учесници во процесот, а не пасивен набљудувач.

Реклама

На бизнис форумот, којшто според учесниците и големината на одзивот веќе долго време го носи епитетот на регионалниот, Балкански ДАВОС, ќе се дискутира за актуелни теми: макроекономски политики, дигитална економија, креативни индустрии, вештачка интелигенција, регионална соработка, инфраструктура, инвестиции, иновации, банкарство и осигурување, земјоделство, зелена транзиција, здравство и образование. Но секако и за моменталните случувања во светот кои имаат силно влијание на економските текови.

Бизнис форумот во Копаоник е настан од висок профил. Повеќе од три децении, Форумот привлекува значителен број учесници од целиот регион. Партнерството со Мастеркард (Mastercard), обезбедува дополнителна поддршка, придонесувајќи за поголема видливост и подобрување на квалитетот на овој важен настан со 35 панел дискусии. Форумот е организиран од Алијансата на економисти на Србија под директно водство на претседателот на српското здружение на економисти Александар Влаховиќ, а покрај учесниците на Копаоник бизнис форум присуствуваат и шефови на држави, премиери и министри, високи претставници на регулаторни тела, претставници на меѓународни финансиски институции, научници, дипломати, деловни практичари и медиуми.