Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

АВМУ изразува загриженост поради употребата на вулгарен, навредлив и понижувачки говор во подкастот „Тешки муабети“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост поради употребата на вулгарен, навредлив и понижувачки говор, како и непримерни гестови во подкастот „Тешки муабети“ со Мечка и Мичо, објавен на платформата YouTube. Слободата на изразување и правото на критика се фундаментални демократски вредности и нивното остварување мора да биде заштитено. Истовремено, ваквиот начин на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост поради употребата на вулгарен, навредлив и понижувачки говор, како и непримерни гестови во подкастот „Тешки муабети“ со Мечка и Мичо, објавен на платформата YouTube.

Слободата на изразување и правото на критика се фундаментални демократски вредности и нивното остварување мора да биде заштитено. Истовремено, ваквиот начин на изразување, проследен со омаловажувачки квалификации и гестови што не се во согласност со стандардите на пристојна комуникација, не придонесува за аргументирана расправа по прашања од јавен интерес.

Агенцијата потсетува дека негувањето култура на дијалог и достоинствено јавно обраќање претставува заедничка одговорност на сите учесници во општествениот простор. Во таа насока, ги охрабрува креаторите на онлајн содржини како значајни чинители во современиот медиумски екосистем, преку своето дејствување да придонесуваат за развој на демократска и одговорна комуникациска култура, заснована врз заемно почитување и аргументирана размена на идеи.