Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Анкета на МКД.МК: Граѓаните со позитивно мислење за економските политики на власта

Власта води добра економска политика, додека една третина од граѓаните сметаат дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта води добра економска политика, додека една третина од граѓаните сметаат дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ води подобра економска политика од СДСМ. Ова го покажа анкетата на МКД.мк спроведена од агенцијата Маркет вижн.

Нешто повеќе од тртетина од испитаниците ја оцениле позитивно финансиската состојба во нивното домаќинство, додека 23 и пол отсто сметаат дека стојат лошо на финансиски план.

Сепак, најголем дел од испитаниците се оптимисти или пак очекуваат се да остане исто. 39,5% од испитаниците очекуваат, во наредните 12 месеци, состојбата во земјата да остане непроменета, 31% имаат оптимистички очекувања, додека речиси 25% имаат песимистички очекувања.

Реклама

Кога станува збор за водењето на економските политики, 36,2% од граѓаните немаат доверба во политичките партии. Од останатите испитаници, три пати повеќе граѓани би ги довериле економските проблеми за решавање на ВМРО-ДПМНЕ отколку на СДСМ.

Во анкетата, дури две третини од испитаниците ја поддржуваат одлуката да се воведе трет мобилен оператор на пазарот.

За скандалот со прислушувањето, најголем дел од испитаниците кои слушнале за овој случај веруваат дека одговорноста за оваа афера е кај опозициските партии 41,2% од испитаниците не се запознаени со овој случај, но најголем дел од оние кои слушнале, веруваат дека одговорноста за оваа афера е кај СДСМ и ДУИ.

Анкетата покажа дека и натаму на политичката сцена во Македонија Вмро-Дпмне и Мицкоски имаат голема предност пред останатите партии и лидери. Владејачката партија  има повеќе од двојно поголем рејтинг во однос на СДСМ. 43,4 отсто од испитаниците немаат никаква дилема дека во нивната општина ќе победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, а само 16,8 отсто од нив веруваат во победата на опозицијата.

Анкетирањето било спроведено телефонски од 9 до 21 септември на примерок од 1.200 испитаници.