Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Анкета: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со убедливо најголема доверба кај граѓаните

Рејтинзите на политичките партии и нивните лидери покажуваат дека веќе подолго време…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рејтинзите на политичките партии и нивните лидери покажуваат дека веќе подолго време ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните.. Владејачката партија  има повеќе од двојно поголем рејтинг во однос на СДСМ на помалку од еден мeсец пред локалните избори – покажува анкетата на “Маркет вижн” спроведена за потребите на Мкд.мк. 43,4 отсто од испитаниците немаат никаква дилема дека во нивната општина ќе победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, а само 16,8 отсто од нив веруваат во победата на опозицијата.

На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, 25,3 отсто од испитаниците одговориле позитивно за Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.  Лидерот на ДУИ,  Али Ахмети е на второ место со 6,3 осто доверба, а на трето место е претседателот на СДСМ, Венко Филипле со 4,8 отсто .  Интересно е и тоа дека вкупниот резултат на сите претседатели на македонските политички партии е помал од бројката за довербата што ја има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ова истражување покажа висок процент на можна излезност за претстојните локални избори Од 1.200 испитаници дури две третини (64,4 отсто) би излегле на гласање, а 23,1 отсто се уште не одлучиле. 12,6 отсто изјавиле дека нема да излезат.

Реклама

На прашањето за која политичка партија ќе гласаат, најголем процент одговориле дека гласот ќе го дадат за ВМРО-ДПМНЕ.

„22,9% од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ добил 5,9% поддршка, ДУИ 6,0%, Алијанса за Албанците (Зијадин Села) 0,7%, Алијанса за Албанците (Арбен Таравари) 1,2%, Левица 3,3%, ЗНАМ 1,8%, ВЛЕН – Алтернатива 1,4%, ВЛЕН – Демократско движење 1,6%, ВЛЕН – БЕСА 1,6%.

Граѓаните биле анкетирани и за случувањата во СДСМ. Според мнозинството во опозициската партија се уште работите ги контролира екс лидерот Зоран Заев, кој е близок со актуелниот претседател на оваа партија, венко Филипче.

Анкетирањето било спроведено телефонски од 9 до 21 септември на примерок од 1.200 испитаници.