Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Ангелов: Пет активни пожари, најтешки за гаснење во „Јасен“ и Јажинце

Екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) го гаснат пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ каде е зафатена мешана шума. Како што информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, ставени се во функција и се користат сите можни ресурси.

Активен е и пожарот во Јажинце иако досега неколкупати бил ставен под контрола. Според Ангелов, овој пожар се уште е закана за некои од околните села и затоа на магистралниот пат што од Тетово води кон граничниот премин „Јажинце“ се поставени возила, како бариера – да го сопрат огнот. Ангелов очекува во текот на денешниот ден пожарот да биде изгаснат. Притоа предупреди дека еден дел се шири кон Скопје, село Дворце, во општина Сарај каде на терен се наоѓа екипа на БППЗ.

Покрај овие два, кои се најтешки за гансење, како што истакна Ангелов, има уште три активни пожари.

Реклама

-На територија на цела држава има пет активни пожари на отворен простор, од кои два се сериозни за гаснење. Првиот пожар е во ловиштето „Јасен“ каде рано утрово со дејство почнаа 30 припадници на специјалните единици „Волци“ и „Ренџери“, а присутни на терен се екипи на ЈП „Национални шуми“, на ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), иако во текот на вчерашниот ден воспоставивме делумна контрола врз овој тежок за гаснење пожар, изјави од терен Ангелов.

Тој додаде дека утрово добил фотографии од кои се гледа дека еден дел од пожарот повторно е активен. Стратегијата е, како што рече, пожарот да биде пресретнат и стопиран и во текот на денов да се стави под делумна контрола.

Ангелов потсети дека пожарот во атарот на Јажинце, општина Јегуновце, вчера бил целосно изгаснат, но ноќта повторно се активирал.

-И покрај тоа што со пешадиско гаснење некаде по полноќ до 2 -3 часот наутро успеавме да изгаснеме една линија подолга од еден километар, сепак, утрово, пак, се активира кракот во насока кон Шар Планина.Претставуваше и се уште претставува закана за некои од овие села, иако на магистарлниот пат кој од Тетово води кон ГП Јажинце се поставени возила. Доколку огнот дојде до патот, ќе биде сопрен, појасни Ангелов. мд/мч/