Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Ангелов: Има сериозни индиции дека дел од пожарите се подметнати, вчера изгаснати 66

Вчера беа изгаснати 66 пожари на отворено, а во моментов во земјава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера беа изгаснати 66 пожари на отворено, а во моментов во земјава активни се пет пожари и пет пожари се ставени под контрола, изјави на прес – конференција Стојанче Ангелов, раководител на националниот Штаб за цивилна заштита и директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во изјава за медиумите, Ангелов истакна дека дел од пожарите се подметнати и поднесени се прекршочни пријави.

– Имаме сериозни индиции и основано сомнение дека дел од пожарите се подметнати. Пред три денови најдовме дрвени палети полиени со бензин фрлени во грмушки смреки, и благодарение на тоа што предвреме беа забележани истите беа отстранети за да не ги разгорат пожарите. Синоќа во пожарот што изби спроти Смилковско Езеро беше пронајдена гума, а на друго место и неколку шишиња со бензин. За овој случај ќе биде поднесена пријава, но исто така вчера МВР поднесе кривична пријава против лице за кое има основано сомнение дека предизвикувало палежи. Вчера беа фатени две лица кои со шишиња со бензин се обиделе да предизвикаат пожар. Апелирам до сите граѓани доколку забележат сомнително однесување на лица веднаш да пријават на бројот 112 или во најблиската полициска станица, истакна Ангелов.

Реклама

Раководителот на националниот Штаб за цивилна заштита посочи дека на локации каде постои опасност од пожар има засилени контроли и набљудување на теренот.

– Голем број на патроли на полицијата вклучително и незабележливи цивилни лица се насекаде на местата каде што постои опасност да бидат предизвикани пожари и тоа има ефект бидејќи во текот на денешниот ден условите се исти како вчера, но бројот на пожари е значително помал. Верувам дека превентивниот ангажман на полицијата, шумската полиција, но и сите други лица ќе вроди со резултат и сите се известени да бидат внимателни, но и да пријават секакво сомнително однесување во шумите, истакна Ангелов и воедно искажа јавна благодарност до граѓаните кои вчера помагаа во гаснењето на пожарите.

На прес – конференцијата во прес центарот на македонската Влада, Ангелов и директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, информираа дека денеска е објавен оглас за ангажирање на 400 невработени лица за заштита и превенција од пожари.

– Денес излезе јавен повик од општините во земјава со кој се повикуваат 400, а на територијата на градот Скопје 80 лица, кои може да бидат ангажирани за заштита и превенција од пожари. Во моментов има голем интерес и сите заинтересирани да се јавуваат во општините каде е објавен огласот. Нашата цел е од лицата што ќе се пријават, посебно од младите и здравите, да се обучат и постепено да ги вклучиме во превенција од пожари, а најдобрите ќе бидат вработени во противпожарните единици, а најдобрите ќе бидат ангажирани во специјалниот тим за заштита и спасување кој е во фаза на формирање, истакна Ангелов.