Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Ангелов: Човечкиот фактор е причина за дел од пожарите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во контекст на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати изјави дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин.

– Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. Ќе имаше само пепел, рече Анггелов синоќа во гостување на телевизија Телма

За пренамената на возилата на интервентната пожарна, Ангелов рече дека се правени со поддршка на општествено-одговорни компании, без средства од Владата.

Реклама

– Во овој момент во државата постојат Републички сили за заштита и спасување или тим за заштита и спасување кои што се составени од тим за брз одговор. Во овој момент, најслично име што ќе го носи оваа единица е специјален тим за брз одговор. Сега работиме на прилагодување на одредбите, но и тоа бара време. Не заборавајте дека еден и пол месец сум директор. Направив 100 промени за овој месец и пол, истакна Ангелов.

Негова цел, како што кажа, е да се формира специјална единица за заштита и спасување за која, како што рече, е цврсто решен да ја направи.

– Ние имаме резервен состав на противпожарни сили, ако можам да кажам, тоа се доброволните противпожарни друштва кои што имаат извонредни припадници, но тие не се професионални пожарникари. Се ангажираат претежно летно време за гаснење на исклучиво шумски пожари и пожари на отворен простор, но, не гледам причина овие луѓе да бидат ангажирани за гаснење на урбани пожари, со мала дообука, иако, според мене, не им е потребна, рече Ангелов.