Реклама

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Македонија

Андоновски за безбедносните недостатоци во ПИОМ: Мора да подготвиме план за заштита не само на податоците, туку и на системите

– Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека извештајот на Државната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека извештајот на Државната ревизија за безбедносните системи во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување е алармантен и дека работна група веќе работи со цел да се подготви план за заштита не само на податоците на осигурениците, туку и на системите.

– Таму постојат системи што се критично засегнати, па затоа треба да утврдиме и како треба да се развива Фондот за пензиското и инвалидското осигурување во иднина. Ова не е проект само на една институција, ниту само на Фондот. Ова е проект на целата држава и сите мораме плански да постапуваме. Државниот завод за ревизија веќе има дадено конкретни препораки до Фондот за пензиското и инвалидското осигурување за тоа како да ги надмине утврдените недостатоци, изјави денеска Андоновски пред почетокот на панел-дискусијата „Предуслови и предизвици за забрзана дигитализација на приватниот сектор“, што се одржа во просториите на ИНОФЕИТ ЕДИХ во Скопје.

Андоновски се надева дека во периодот што следува работната група формирана од Владата ќе ги преземе потребните чекори.