Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

АНБ: Радикална група поврзана со Исламска држава стои зад обидот за палење на синагогата во Скопје

Осомничените кои сакаa да ја запалат Синагогата во Скопје се продолжена рака…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осомничените кои сакаa да ја запалат Синагогата во Скопје се продолжена рака на Исламската држава. Такви се индициите на Агенцијата за национална безбедност, од каде велат дека уапсените имале логистичка мрежа и припаѓале на радикална групација идеолошки надоврзана на мрежата на Исламската држава. Групата преземала радикални и криминални активности непосредно по повикот на Исламска Држава на почетокот на април, коja билa под око на безбедносните служби.

  • ..од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности“ соопштија од Агенцијата за национална безбедност.

Претходно од полицијата, соопштија дека уапсени се седуммина за палањето на еврејскиот објект, а двајца ќе се гонат за тероризам, и тие веќе се во притвор. Биле направени претреси на 13 локации во Скопје, а одземени се мобилни телефони и комјутери.

  • Поднесена кривична пријава против А.Љ (21) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б и А.Р. (38) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б од КЗ во врска со член 24 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор“.

По инцидентот на 12 април во раните утрински часови осуди и барање за брзо расветлување на случајот пристигнаа од сите страни. Тоа го побара и израелската амбасадорка во Скопје, Вивиен Аисен.

Реклама
https://alfa.mk/mvr-go-rasvetli-podmetnuva%d1%9aeto-pozhar-vo-sinagogata-vo-skop%d1%98e/

Верските лидери во Македонија оддржаа и заедничка прес-конференција и го оценија настанот како директен удар врз мирот, стабилноста и соживотот кои со векови се негуваат на македонска почва.