Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Анализа: каква изборна кампања не очекува?

Интересна, но не и толку жестока кампања за локалните избори очекуваат аналитичарите.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интересна, но не и толку жестока кампања за локалните избори очекуваат аналитичарите. Копјата ќе се кршат за локални теми, но и за решавање на долгогодишни политички проблеми. Додека граѓаните ги интересираат урбанизмот, справувањето со недостаток на паркинг, паркови, игралишта, градинки, кучињата скитници, партиите во обид за глас плус ќе зборуваат и за корупција, здравство, образование, ЕУ интеграции. Според аналитичарите, овие избори треба да покажат кои политичари навистина планираат да се зафатат со работа, а на кои им е единствено важно да дојдат до власт.

„ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН одат по општини и зборуваат за болници, амбуланти, градинки, локални проблеми, заедно сите ветуваат и најавуваат проекти од еколошки карактер за Скопје. Од друга страна, немате ништо. СДСМ е научен дека власта доаѓа од странци, дека треба некој да ги викне, да им гарантира дека ќе бидат власт“ – вели новинарот Драган Павловиќ Латас.

„Изборите се одвиваат во една политичка атмосфера која е таква каква што е и има национални теми што не можат да се избегнат. Голем дел од темите ќе бидат локални, но партиите ќе продолжат да комуницираат на национални теми без разлика на локалните избори“ – вели аналитичарот Петар Арсовски.

Реклама

Негативната кампања не може да се избегне. Очекувањата се дека таа ќе биде присутна и овојпат. Сепак, упатените сметаат дека граѓаните веќе станале имуни на разни подметнувања и лажни вести, па главно ќе гласаат  за човек и според тоа кои им се приоритетите во локалните заедници кадешто живеат.

Најостра реторика се очекува да користат партиите од албанскиот блок. Најжестока битка претстои во скопските општини, но и општините во Западна Македонија.

Во следните 20 дена граѓаните ќе имаат можност да ги слушнат ветувањата и пораките од канидатите за градоначлници и советници и директно да разговараат со нив на организирани средби во нивните општини.