Промена на амбалажата, не значи и промена на суштината. ДУИ како да не може да се пронајде во политичкиот спектар. Беше зелена партија, па си отвори европски фронт, сега повторно се ребрендира во Национална алијанса за интеграција. Откако оваа коалиција се скара со Партијата на Турците и Демократската партија на Албанците, им гори под нозе. Според експертите, ова ребрендирање е само со цел да ја сокријат корупцијата – бидејќи ако ДУИ функционираше како Акционерско друштво, сега, велат, се претвори во конзорциум.
ДУИ како политичка партија со своите сојузници и за минатите избори и за овие само се ребрендира односно се амбалажира а тоа значи само криење на криминалот и корупцијата… ДУИ од секогаш функционирала како АД а сега со другите партии се претвори во конзорциум, никогаш нема да се рефмормира, може да се реформира само кога ќе стават клуч на партијата, вели политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи.
Според познавачите се поизвенсно е дека ДУИ ќе доживеат пораз на изборите и поради фактот што во многу клучни општини, немаат кандидат за градоначалник.

Оваа Алијанса има за цел да ги интегрира нивните функционери во советите во општините а во иднина да се обиде да се интегрира и во самата влада. Со нивната амбалажа односно прикривање да дојдат на власт. ДУИ има голема криза. Не е битката со другите партии, туку внатре и нема сила да се спротивстави на Вреди. Овие маргинализирани партии се најдоа во ДУИ бидејќи се покажува дека ДУИ сега е многу слаба партија тие се откажаа од 7 општини важни за албанскиот политички блок, а во Тетово и Чаир ќе бидат големи губитници, додава Фаризи.
Инаку, пред неколку години, ДУИ се ребрендираше како „зелена“ партија – наводно за да биде во чекор со европските трендови и да се бори за природата. Од голем дел од експертите, тоа беше препознаено поинаку – дека позади зелената маска не се криеше искрена грижа за животната средина, туку политички и финансиски интереси. Тоа низ годините се покажа и на дело, кога управуваше со општини каде депонии, дивоградби и уништена природа беа секојдневие.
Минатата година, ДУИ во обид да ја добие власта на парламентарните избори, го формираше таканаречениот Европски фронт, сакајќи да даде поголемо значење на македонските евроитеграции кои впрочем беа загрозени поради погрешните дипломатски чекори.
Вчера лидерот на ДУИ Али Ахмети, најавувајќи го ребрендирањето во Национална алијанса за интеграција порача дека целта на ова е обединување и заедничка европска перспектива. Продолжи со својата реторика дека Албанците биле сè помалку почитувани од актуелната власт која, како што обвини, немала албански етнички легитимитет.

