Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Американската амбасадорка Агелер во посета на Дебар

Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Дебар, Фисник Меља, оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава Анџела Агелер, што е прва официјална посета на странски дипломат  во новиот мандат на градоначалникот Мела, објави Општина Дебар на официјалната страна на Фејсбук.

Се додава дека посетата на амбасадорката претставува значаен чекор кон „унапредување и зајакнување на соработката помеѓу Општина Дебар и институциите на САД, кои делуваат во државата”.

-Градоначалникот Меља ги претстави приоритетните проекти на општината, со посебен акцент на локалниот економски развој, инфраструктурните инвестиции, промоцијата на туризмот, како и иницијативите за подобрување на квалитетот и ефикасноста на јавните услуги. Тој ја истакна важноста на меѓународната поддршка во развојните процеси и го нагласи значителниот потенцијал што Дебар го нуди во повеќе области, нагласуваат од општината.

Реклама

Амбасадорката Агелер изразила висока оценка за визијата на општината и за нејзината силна посветеност во унапредувањето на проектите што директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните. 

-Таа ја потенцираше подготвеноста на Амбасадата на САД  да ги поддржи иницијативите насочени кон зајакнување на локалните институции и одржливиот развој. Средбата заврши со заедничка определба за продолжување на соработката и за истражување на нови можности за партнерство во области од заеднички интерес, посочуваат од Општина Дебар.