Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

🎥 Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивиан Ајсен: Војната со дезинформации е една од најтешките битки

Амбасадорката на Државата Израел во Македонија, Вивиан Ајсен, која ја презеде должноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорката на Државата Израел во Македонија, Вивиан Ајсен, која ја презеде должноста на 25 јули 2025 година, објави официјално соопштение во кое ја нагласува важноста на точната и објективна информираност за настаните поврзани со конфликтот на Блискиот Исток.

Во нејзината изјава, амбасадорката Ајсен потсетува дека од 7 октомври 2023 година – ден кој го опиша како најкрвавиот ден за еврејскиот народ од Холокаустот наваму – Израел се соочува со војна на повеќе фронтови: Газа, Либан, Иран, Сирија, Ирак, Јемен, како и подрачјата Јудеја и Самарија.

„Но, една од најтешките борби е онаа за вистината – медиумската војна,“ истакна таа. „Меѓународните медиуми често ја искривуваат реалноста. На 7 октомври, илјадници терористи од Хамас ја нападнаа Израел, извршувајќи незамисливи злосторства: сексуално насилство, убиства на деца пред нивните родители и обратно, цели семејства живи запалени, и масакрирање на над 1.200 цивили.“

Реклама

Во нападите биле киднапирани 251 лице, од кои 50 сè уште се држат како заложници во Појасот Газа, во тешки услови – под земја, во тунели, без светлина, храна, вода и хигиена.

„И покрај сето ова, Израел – жртвата на овие ѕверства – често се прикажува во медиумите како агресор,“ нагласува Ајсен.

Како последен пример за манипулации, таа го посочи т.н. „кампања за глад“ организирана од Хамас, чија цел, според неа, е да го спречи доставувањето хуманитарна помош доколку таа не поминува преку нив. „Познато е дека Хамас ја злоупотребува хуманитарната помош за да го зајакне своето владеење и повторно да се вооружи. Обвинувањата дека Израел ја блокира помошта се лажни – секојдневно Израел овозможува влез на стотици тони хуманитарна помош во Газа,“ рече таа.

Како одговор на ширењето на дезинформации, амбасадорката објави дека редовно ќе споделува факти и ажурирања преку соопштенија за медиумите, со цел јавноста да има пристап до проверени и точни информации.

„Ве повикувам да ги консултирате следните линкови со официјални податоци и документација,“ додава таа, истакнувајќи ја важноста од информирање базирано на факти.