Реклама
Македонија

Алиу: Двапати годишно ревизија на позитивната листа

Позитивната листа на лекови ќе се ревидира двапати годишно – најави министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Позитивната листа на лекови ќе се ревидира двапати годишно – најави министерот за здравство. Антикоагулансите се следни за разгледување, делумно затоа што се веќе на болничка позитивна листа. Кои други лекови ќе се најдат на листата зависи од проценката на Комисијата што одлучува кои нови медикаменти ќе бидат на рецепт но и од производителите.

Алиу не кажа прецизно кога точно ќе има ново ревидирање на листата, но уверува дека ќе биде за многу скоро. Се кроел планот, а стручните луѓе од ФЗОМ и Министерството ги разгледувале опциите што е она што е најпотребно на пациентите, затоа што според министерот граѓаните заслужуваат современа и поевтина терапија.

Во меѓувреме од Министерството најавија дека се дигитализира постапката за нов лек на позитивната листа со тоа што електронски ќе се внесуваат документите за лекот. Тој ќе биде јавно достапен на интернет страницата на Министерството (www.lekovi.zdravstvo.gov.mk). Според експертите ова е олеснителна околност и за пацинетите и за фармацевтските коомпании.

Реклама

После повеќе од 10 години, кога беше ставен само 1 нов лек, последното проширување на позитивната листа беше летово во јули кога ФЗО стави два лека за онколошките пациенти, претходно листата беше надополнета  со 9 генерики, меѓу нив имаше терапија за болести на срце и крвни садови – против висок притисок и покачени масти, антидепресиви, за третирање на деменција и антиагрегациона терапија.