Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Алфа ТВ во новиот храм „Св. Константин и Елена“ кој ќе биде осветен во недела

Импресивни фрески, импозантен иконостас, светол мермерен под и огромен кристален лустер. Сето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Импресивни фрески, импозантен иконостас, светол мермерен под и огромен кристален лустер. Сето тоа со златни детали. Вака изгледа внатрешноста на црквата Свети Констатнин и Елена. Алфа ексклузивно влезе внатре на неколку дена пред нејзиното осветување кое е зкажано за недела. Со него ќе чиноначалствува поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

Свети Константин и Елена ќе биде втора по големина црква во Скопје, единствено зад Соборниот храм. Во неа ќе може да се извршуваат и венчавки и крштевки, како и сите останати верски обреди.

Црквата „Св. Константин и Елена“ почна да се гради во ноември 2012, кога ВМРО-ДПМНЕ беа владејачка партија. Инвеститори се МПЦ-ОА и Фондацијата „Св. Цар Константин“, што беше формирана од МПЦ за нејзината изградба.

Реклама

Изведувач на градежните работи е градежната компанија Бетон, а тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ даде огромна поддршка и организираше три донаторски конференции со македонски компании за собирање пари за доизградба на храмот.

Во 2013-та година по доаѓањето на новиот градоначалник во општина Центар, Андреј Жерновски поддржан од тогаш владејачката партија СДСМ, изградбата на храмот беше стопирана. Тогашната власт тврдеше дека изградбата на црквата нема спроведена соодветна документација односно дека е дивоградба. Во тој период граѓаните револтирани излегоа и на протести за заштита на храмот.

Црквата не беше урната ама не се ни продолжи со нејзината изградба, сега по точно 13 години ќе стане еден од новите симболи на Скопје.

Давид Крстевски