Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Алармантни бројки – 40% од младите до 18 години пушат

40 проценти од младите во Македонија до 18 години се пушачи, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

40 проценти од младите во Македонија до 18 години се пушачи, а децата веќе од  13 години почнуваат да пушат. Алармнтни се податоците од истражувањето на „Аналитика тинк тенк“, независна институција за истражување на јавните политики. Првенцијата од злоупотребата на тутунот и електронските цигари кај младите е клучен фактор вели Министерката за образование.
Затоа од годинава воведен е нов предмет во седмо одделение „Учам за моето здравје“ со цел децата да се едуцираат од најрана возраст за штетните последици од пушењето.

„Она што го правиме во образованието кое всушност е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи е дека и во основното и во средното образование во различни предмети се присутни теми за здравствена писменост, и еве една новина во седмо одделение оваа година е воведен изборен предмет „Учам за моето здравје“- изјави Министерката за образование, Весна Јаневска.

Македонија и натаму високо котира на листата земји каде стапката на пушачи е висока, а ниска е старосната граница, односно се повеќе деца пушат електронски цигари и тутун. Од организацијата велат дека едукацијата за штетните последици на здравјето од пушењето е најважна, но бараат и да се почитува законот односно да не се продаваат цигари на лица под 18 години, но и да се зголемат цените на цигарите.

„ Нас нѐ загрижува фактот што анализите покажуваат дека на младите под 18 години не им се забранува продажба и апелираме дека треба да се почитува законската регулатива. Ако ја гледаме и фискалната страна, добро е и да се зголемат цените на овие нови производи кои најмногу ги користат младите сега. Според нашите анализи, тие имаат ниска цена и има простор за зголемување на акцизаата што би ја покачила цената и би ги направила помалку достапни.“- изјави Тамара Мијовиќ-Спасаова од „Аналитика тинк тенк“.

Реклама

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) лани во ноември отвори и телефонска линија за помош за откажување од цигари „Не пуши, откажи се“ која работи секој понеделник и среда, од 11 до 13 часот каде квалификувани стручни лица нудат совети и стратегии за успешно откажување од пушењето.