Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

🎥 Ако не се на тронот, тоа е етничка поларизација – погрешна теза на ДУИ, порачува Мицкоски

Тезата на ДУИ за етничка поларизација кога не се на власт е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тезата на ДУИ за етничка поларизација кога не се на власт е погрешна – дециден е премиерот Мицкоски. Тој вели дека кога била на власт, ДУИ била синоним за криминал и корупција, тоа се уште е непроменето и граѓаните ќе ги казнат на избори. Ги обвини дека кога биле на власт заедно со СДСМ, цели три години не финансирале ниту еден проект на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги отфрли обвинувањата за етничка нееднаквост и вели  дека бројките ги демантираат таквите тврдења. Ги посочи општините со кои раководат градоначалниците од ДУИ кои добиле енормни финансиски средства за инфраструктурни проекти преку двата јавни повици. Општина Кичево добила над 6 милиони евра за 16 проекти, општина Сарај за 5 проекти била помогната со 5,2 милиони евра, додека Струга инкасирала 7 милиони евра за одобрени проекти преку двата повици.

„Јас навистина ги отфрлам како неконструктивни и пораки коишто припаѓаат на минатиот век, навистина жалам што нереформираното, криминално и коруптивно ДУИ сè уште живее во тие години, и уште мисли дека со таков тип на пораки ќе придобие симпатии во јавноста мислејќи дека ако се радикализира, мислам дека грешат и тоа ќе го видат на локалните избори коишто ќе се случат за помалку од два месеци“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Главниот град беше запоставен во изминатите 4 години – потврдија учесниците на саемот за отчет на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Според Мицкоски, но и кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, во фокусот на идната локална власт треба да биде справувањето со нечистотијата и сметот, побрз и навремен јавен превоз, подобрување на финансиската состојба и натрупаните долгови во јавните претпријатија, справување со нивната превработеност, како и раззеленување на Скопје, особено во централното градско јадро.

Реклама

„Главен и сериозен фокус ќе биде освен заштитата на животната средина, третирањето на комуналната хигиена, нејзина реорганизација од аспект на механизација и кадров потенцијал, вториот момент кој ќе биде наш фокус е средување на состојбите со ЈСП, еден од главните проблеми на нашите сограѓани е токму транспортот. Тоа се првите два сериозни столба на кои ќе се насочиме од самиот почеток“ – вели Орце Ѓоргиевски – кандидат за градоначалник на Град Скопје.

Синергијата и координираноста на градоначалниците меѓу себе, но и со централната власт е клучна за градење подобри општини за граѓаните. Вицепремиерот Николоски ги потенцираше законските измени со кои се овозможи олеснување на процедурите за градење на училишта, градинки, болници.

На саемот се дискутираше и за инфраструктурните проекти во општините, финансирањето на локалната самоуправа, меѓународната соработка за поголем развој, како и комуникацијата со централната власт. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе ги комплетираат листите за кандидати за градоначалници и општински советници до крајот на месецов.