Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Акција „Бункер“ на ОЈО и МВР: Претреси на пет локации во Скопје во истрага против „Беланоца-Барон“

Единиците на МВР, под раководство на обвинител што постапува во предметот под…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Единиците на МВР, под раководство на обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, од рано утрината вршат претреси на пет локации во Скопје.

Акцијата, како што информираат од Републичкото обвинителство, е резултат на обезбедени докази во рамки на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“.

Според непотврдени информации, се вршат претреси во голем број на објекти, во кои живеат лица поврзани со тешки кривични дела, меѓу кои и со убиството на Амар Исмани на „Пластичарска улица“, што се случи во мај 2024-та година, како и убиството на Орхан Бајрами Оки на 15-ти јули 2023-та година, во Ханиоти.

Реклама

Од Обвинителството најавија повеќе информации во текот на денот.