Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Академик Стојков: Македонија нема друг избор освен да се бори против бугарската политика, нови отстапки не смеат да се дозволат

Изборот за академик на МАНУ, не го доживувавам како личен триумф, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изборот за академик на МАНУ, не го доживувавам како личен триумф, туку како признание за целата македонска заедница што живее во Бугарија, порача проф. Стојко Стојков. Човекот кој и е познат на јавноста, како еден од најголмите борци за правата на македонското малцинство во Бугарија, на свеченоста по повод неговиот избор за академик , зборуваше отворено за проблемите на Македонците кои живеат во соседната земја и за билатералниот спорт.

 -Ние се бориме за нешто толку ситно, ама важно за демократијата -правото да имаме свои организации, со кои може да учествуваме во општествениот живот. Дури не зборуваме за партија, туку за најобични организации кои испаѓаат дека се невозможни за Македонците во Бугарија. И се бориме да се постигне на некој начин признавање на македонското малцинство. Тоа ќе ги реши не само нашите проблеми, туку и проблемите на Буарија- изјави  академик професор Стојко Стојков.

Според академик Стојков, блокирањето на Македонија, од страна на Бугарија, не е новост, туку процес,   за кој,  назнаки постоеле уште пред дваесет години, потсетувајќи дека тогаш  многу политичари  одбрале да ги затворат очите. Сега на Македонија,  и останува единствено да се бори против бугарската политика, која го забавува нашиот европски пат, посочи проф.Стојков.

Реклама

„Сега Македонија, нема кој знае каков избор , освен да се бори. Нема друг избор бидејќи било какви отстапки ќе се само скала кон нови отстапки и тоа ќе нема крај. Додека не се смени рамката политичка која сега постои во Европа и во односите Бугарија-Македонија , јас не мислам дека може да се очекува некој поголем прогрес, изјави Стојко Стојков.

Според Стојков, една од клучните грешки во македонско-бугарските односи, е формирањето на заедничката историска комисија. Смета дека Софија преку ова тело, користејќи ја својата позиција како членка на ЕУ, врши притисок врз Македонија, да направи измени во образовните програми по историја. Таквите настојувања, предупредува Стојков, индиректно влијаат врз македонскиот идентитет.