Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Аднан Азизи избран за 8. претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците

– Аднан Азизи, пратеник од коалицијата ВРЕДИ, денеска со мнозинство гласови е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Аднан Азизи, пратеник од коалицијата ВРЕДИ, денеска со мнозинство гласови е избран за 8. претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците.

– Барам да имаме добра соработка во иднина, на конструктивен начин, Комитетот да служи за конструктивни дебати – порача тој, заблагодарувајќи се за изборот што следеше по кусата пауза што беше дадена во рамки на првата седница на Комитетот.

Пратениците Азизи и Арбана Пашоли беа предложени за осми претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците на денешната прва собраниска седница на овој комитет.

Реклама

Собранискиот претседател Африм Гаши во неговото обраќање на присутните им го честиташе изборот за членови на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Тој појасни дека во овој состав на Комитетот од вкупно 19 членови, кои се бираат од редот на пратениците на Собранието, има седум членови од редот на пратеници – Македонци, исто толку од редот на пратеници – Албанци, по еден член од редот на пратеници – Турци, од редот на пратеници – Власи, од редот на пратеници – Срби и од редот на пратеници – Бошњаци.

– Бидејќи од редот на пратениците на Собранието недостасуваше пратеник Ром, согласно Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците беше известен народниот правобранител и тој по направени консултации со релевантните претставници на оваа заедница, дополнително предложи член на Комитетот од ромската заедница. Тоа е господин Јаше Сефер. Создаден со Охридскиот рамковен договор, овој Комитет беше предвиден да биде главен форум за дијалог и дискусија меѓу заедниците за клучни прашања што може да имаат ефект врз меѓуетничките односи. Ако сите страни покажат почит кон ова тело и го користат како што е предвидено, Комитетот ќе стане препознатлива институција. Чувствата кон Охридскиот рамковен договор и по многу години од неговото потпишување, остануваат поделени, но, најголем дел од граѓаните сметаат дека има подобрување на меѓуетничките односи и дека неговата имплементација ја стабилизира државата – рече Гаши.

Тој додаде дека „битен аспект во работата на Комитетот е неговото овластување да одлучува во случај на спор при спроведување на постапката на гласање во Собранието за закони кога за нив е потребно посебно мнозинство“.

– Значењето на Комитетот е толку големо, што Собранието е должно да ги разгледува неговите мислења и предлози и да донесува одлуки во врска со нив – истакна Гаши.

Тој подвлече дека се бира осмиот претседател на Комитетот почнувајќи од далечната 2003 година, кога за првпат е конституиран Комитетот и е избран првиот претседател.

Калтрина Беќири го предложи Аднан Азизи, а Арбана Пашоли беше предложена од Дијана Тоска.