Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Аца Лукас тврди имало 2000 луѓе во локалот во Кавадарци, Јанчев вели дека нема да дозволи да се повтори нешто како трагедијата во Кочани

По скандалот и реакциите во јавноста, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По скандалот и реакциите во јавноста, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, го образложи прекинувањето на настапот на познатиот српски пејач Аца Лукас во петокот околу полноќ, по интервенција на полицијата.

„Интервенцијата беше неопходна поради сериозни безбедносни прекршувања и пренатрупаност на локалот“, објасни Јанчев. Тој нагласи дека кафетеријата има капацитет за околу 200 гости, додека внатре биле присутни повеќе од 700 лица. „Општината нема да дозволи да се повтори нешто како трагедијата што ја видовме пред неколку месеци во Кочани. Нема да дозволиме пренатрупани локали без основни безбедносни мерки“, додаде Јанчев.

Тој објасни дека организаторите претходно побарале дозвола за користење на дополнителен јавен простор за маси, но барањето било одбиено од безбедносни причини. Дополнителни прекршувања вклучувале надминување на работното време ограничено до 01:00 часот и непридржување кон обврските за пријавување на ангажманот на изведувачот.

Реклама

Самиот Аца Лукас на Инстаграм објасни дека огромниот интерес и присуството на околу 2.000 гости предизвикале гужва, што довело до интервенција од страна на полицијата.