Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Мицкоски – Мацут: Јакнење на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката

Премиерот Христијан Мицкоси  и неговиот српски колега Ѓуро Мацут денеска на средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоси  и неговиот српски колега Ѓуро Мацут денеска на средба разговарале за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете земји.

– Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката во области од заемен интерес. Ја потврдивме подготвеноста за понатамошно развивање на добрососедските односи и заедничка работа во насока на просперитет, стабилност и подобра иднина за граѓаните на двете држави, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук, по средбата.

Мицкоски со владина делегација е во посета на Србија, каде во Нови Сад попладнето се одржа свечена академија со која се одбележаа 80 години од населувањето на Македонците во Војводина.