Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Љутков од Нови Сад: Јубилејот за Македонците во Војводина има историско и културно значење

Јубилејот „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ е значаен момент…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јубилејот „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ е значаен момент и од историски и од културен аспект, оцени министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој е дел од македонската владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, на свечената академија во Нови Сад.

Љутков оцени дека станува збор за значаен јубилеј, истакнувајќи дека заедницата на Македонци во Србија има важна улога во општествениот развој.

– Ова е значаен момент и јубилеј, и од историски и од културен аспект – изјави министерот Љутков.

Реклама

Тој нагласи дека Македонците во Војводина континуирано придонесуваат за мултикултурното општество во Србија.

– Македонците овде придонесуваат многу за мултикултурниот развој на Србија и се трудат да го одржат континуитетот во однос на македонскиот јазик, културата и традицијата, и тоа е особено важно за нас како Македонци – рече Љутков.

Според него, присуството на претседателите на владите на двете земји, Христијан Мицкоски и Ѓуро Мацут, дополнително ја потврдува блиската соработка и пријателството меѓу Македонија и Србија.

Министерот посочи дека соработката во културата продолжува да се развива преку бројни средби и проекти, а во тек е и изработка на Национална стратегија за малцинствата за периодот 2025–2030 година, во која значајно место има културата.

Тој потсети и на отворањето на Културно-информативниот центар во Белград, кој има за цел долгорочна поддршка на македонското малцинство преку културни програми.

Во рамки на одбележувањето, во Нови Сад се одржуваат повеќе културни настани, со учество на македонски национални установи, ансамблот „Танец“, Александра Јаневска и хорови од основните училишта од градот.

Видеото мже да го погледнете на следниот линк: