Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Делегација од Македонија во студиска посета на француски институции за јакнење на системот за обука на јавната администрација

Во рамки на студиската посета во Париз, делегацијата составена од претставници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на студиската посета во Париз, делегацијата составена од претставници на Министерството за јавна администрација, Центарот за управување со промени, Агенцијата за администрација и Министерството за дигитална трансформација, изминатите денови оствари работни средби со претставници на Директоратот за јавна администрација на Франција (DGAFP), Институтот за јавен менаџмент и економски развој (IGPDE) и Директоратот за дигитални работи (DINUM).

-За време на средбите беа презентирани француските искуства и добри практики во областа на меѓуинституционалната и меѓуминистерската соработка, развојот и спроведувањето на политики за обука и професионално усовршување на државните службеници, како и современите пристапи во дигитализацијата на процесите за учење и развој на човечките ресурси во јавниот сектор, информираат денеска од МЈА. 

Посебен акцент бил ставен на платформата MENTOR – национален систем за е-обуки на државните службеници во Франција, преку кој беа презентирани искуствата поврзани со нејзиното воспоставување, управување и користење. Дополнително, биле разгледани и актуелните трендови во примената на новите технологии и дигиталните алатки во процесите на обука и континуирано стручно усовршување на јавната администрација.

Реклама

-Работната посета претставува значајна можност за преземање на успешни европски практики во развојот на системот за обука на административните службеници во Македонија, велат од Министерството. 

Посетата била организирана во рамки на проектот „Поддршка за воспоставување на Академијата за стручно усовршување и обука на административни службеници“, кој го спроведува Министерството за јавна администрација во соработка со Центарот за управување со промени, со поддршка на Амбасадата на Франција.