Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Алиу: Реализираме стратешки капитални проекти во здравството

Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои, како што информира, ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во земјава.

Овие активности беа детално презентирани на 10. состанок на секторската работна група за здравство.

-Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во инфраструктура не е само градба на ѕидови туку инвестиција во луѓето, во системот и во иднината на нашата земја. Заедно градиме модерно и хумано здравство, рече министерот за здравство, Азир Алиу.
 
Меѓу приоритетните капитални проекти кои се изградба на нова Клиничка болница во Штип, Општа болница во Кичево, Клиничка болница во Тетово, Центар за рани и гангрени на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември” во Скопје, а во следната фаза нов Клинички центар. Покрај тоа, напредуваат и проектите за хумани и социјални инвестиции, како што се уредување на услови за судски пациенти во Психијатриската болница-Скопје и Иновативен хаб во Кочани.

Реклама

Паралелно со капиталните проекти, се реализираат и стратешки здравствени проекти, како е Ургентен центар за токсикологија, развој на ин витро капацитети за гинекологија и засилена интензивна нега во кардиологијата.

-Модерната инфраструктура значи и дигитализација. Национални дигитални платформи, лабораториски мрежи, системски дигитални решенија и интегрирани услуги – тоа се проектите кои ќе го направат нашиот здравствен систем поблизок до секој граѓанин, без разлика каде живее во државата, истакна Алиу.