Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Милошоски: Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени без јасни и цврсти гаранции дека ќе се зачува националниот идентитет

Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ВМРО-ДПМНЕ останува на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антонио Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ВМРО-ДПМНЕ останува на јасен став дека уставните измени не треба да се прават доколку тие ја водат државата кон нова неизвесност, без конкретни гаранции за остварување на полноправно членство во ЕУ.

-По однос на тоа прашање ние сме јасни, сме го искажале нашиот став. Ние не сметаме дека уставните измени треба да се направат, а притоа таквиот чекор да не однесе во неизвесност и да бидат направени за нешто за коешто не може да ја постигнете целта, посочи Милошоски.

Ние, додава тој, веќе едни такви уставни измени имавме.

Реклама

-Тогаш СДСМ и ДУИ ги промовираа како уставни измени по однос на уставното име на Македонија, дека тоа ќе ги отвори вратите на ЕУ, дека ќе има бесплатно здравство, бесплатни вакцини, стипендии, беше таа една голема кампања, но видовме дека наместо отворање на поглавјата и преговори со ЕУ, ние добивме затворена врата пред нос од страна на Франција, а потоа од и од соседна Бугарија, потенцира Милошоски.

Тој е дециден дека Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени без јасни и цврсти гаранции дека ќе се зачува националниот идентитет, јазикот и историската посебност на македонскиот народ.

-Поучени од тоа искуство, сметаме дека би било лековерно да се оди во уставни измени, а притоа да немате извесност во процесот дека ќе си зачувате своја национална посебност и дека ќе стигнете до целта како полноправна земја членка на ЕУ, нагласува Милошоски.

Тој во интервјуто говори и за референдумското барање од СДСМ и Филипче и смета дека тоа е наметната тема од Софија, како и дека главниот адвокат на таа тема во Македонија е лидерот на СДСМ.

-Прво сакам да објаснам што би се постигнало со еден ваков чекор со еден референдум. Мислам дека е потценување на интелигенцијата на граѓаните, предлогот за референдум доаѓа од Венко Филипче, којшто беше министер во Владата којашто веќе организираше референдум. Организираа референдум со прашање: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот Македонија-Грција за промена на уставното име? Видовме дека нема ништо од Европската Унија. Референдумот не беше ни успешен, но не ја почитуваа ниту волјата на граѓаните. Второ, сметам дека ако навистина Венко Филипче има интерес овој референдум да се случи како иницијатива, не мора да ја прозива Владата, бидејќи Владата еве смета дека е непотребно трошење на средства и време на тема којашто веќе е апсолвирана, рече Милошоски.

Тој истакна дека доколку опозициската СДСМ и Филипче сметаат дека референдумот е потребен и нужен, ним како политичка партија и политички чинители на располагање им стојат два механизми кои можат да ги искористат, но неговото видување е дека или СДСМ нема самодоверба околу тоа дали воопшто би ги следеле 150 илјади граѓани да соберат потписи или немаат коалиционен капацитет заедно со ДУИ да покренат иницијатива за референдум.

-Едниот механизам според Законот за референдум е да собере 150 илјади потписи како граѓанска иницијатива, може Венко Филипче да се потпише прв, другите пратеници од СДСM и да поканат уште 150 илјади граѓани да им се придружат бидејќи тврдат дека голем дел од граѓаните им даваат поддршка. И втората работа што може да ја направи СДСM, тука би го покажале и нивниот коалиционен капацитет, во Деловникот постои можност, иницијатива за измена на Уставот и референдум за истото да покренат и политички партии, најмалку 30 пратеници. СДСM има 18, заедно со ДУИ- 18, имаат 36 пратеници. Може СДСM и ДУИ да се потпишат на една таква иницијатива и да покренат иницијатива за референдум при што Собранието ќе мора нужно да ја разгледа и гласа, кажа Милошоски.

Пратеникот Милошоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека во овој момент државата има поважни приоритети, меѓукои, да се работи на капитални инвестиции, да се работи на зацврстување на системот, на подобра економија, на подобро образование и здравство.